Несреќната туристка спиела кога ѕверот влегол во нејзиниот шатор. Таа претрпела сериозни повреди на грбот и главата, а нејзините повици за помош ги разбудиле другите учесници во големата авантура.
Напад на кампот
Камперите успеале да ја избркаат мечката, по што на Наталија ѝ била укажана прва помош. Таа била однесена во најблиската болница и веднаш оперирана.
Туристката е по потекло од рускиот град Саратов и моментално е на интензивна нега во тешка состојба, објавува Дејли Меил.
Woman fights for life after being dragged from tent and mauled by bear during adventure tour https://t.co/lTLCLwz5iN
— Daily Mail (@DailyMail) July 18, 2025
Властите соопштија дека нападот се случил во камп во близина на активниот вулкан Мутновски, кој е висок 2.320 метри, каде што се видливи искинати шатори и расфрлани работи.
Познато е дека полуостровот Камчатка е дом на околу 20.000 мечки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата