logo
logo
logo

Маж живеел осум години со нож во градите- докторите се шокирале кога дознале еден детал

Vecer | 15.08.2025

Маж живеел осум години со нож во градите- докторите се шокирале кога дознале еден детал

Мажот се пожалил дека гној постојано му тече од под десната брадавица, но дека не чувствувал болка ниту пак имал тешкотии со дишењето. Неговата здравствена состојба изгледала стабилна, а лекарите наредиле детален преглед.

Рентгенот открил сè

Наскоро, рентгенот открил шокантна работа - сечило од нож кое влегло низ десното рамо, ги заобиколило виталните органи и останало во месото!

Дури кога ги дознал резултатите, човекот се сетил на „жестока расправија“ пред осум години, кога претрпел повеќекратни посекотини на лицето, грбот, градите и стомакот.

Раните оттогаш заздравеле и тој не се сомневал во ништо сè додека не се појавил гнојот, објавува „Мирор“.

Вистинска медицинска реткост

Пациентот завршил на операционата маса, а лекарите внимателно го отстраниле сечилото, како и гнојот предизвикан од умирањето на ткивото.

Поминал еден ден на интензивна нега, а потоа уште десет дена на одделението, додека целосно не се опоравил.

Бизарниот случај е документиран во стручното списание „Journal of Surgical Case Reports“, додека лекарите нагласуваат дека станува збор за вистинска медицинска реткост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk