Магијата од Војводина викендов во Скопје: Култниот фестивал „Malomfesztivál“ со дводневен спектакл во срцето на ГТЦ!
Скопје подготви се за ветерот од северот! Овој викенд, на 17 и 18 април, легендарниот македонски паб „Ѕе“ во ГТЦ ќе биде домаќин на еден од најавтентичните европски фестивали. Директно од рамнините на Војводина, во Скопје пристигнува „Malomfesztivál“, познат како „Фестивалот на ветерниците“, за да ја донесе својата уникатна енергија, слободен дух и врвна уметност!
Ова не е само обична забава, туку културен земјотрес! Директорот на фестивалот, Тамас Хорват, лично пристигнува во Скопје за да го претстави овој мултимедијален феномен кој секој август го претвора селото Ором во светски центар на музиката, театарот и екологијата, а со него доаѓаат и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ.
Подгответе се за музички сет кој ќе ги помести границите со: SKIER & YETI (Србија), мистериозниот двоец кој прави вистински хаос на сцена; TAXI CONSILIUM (Македонија), домашна џез- фузија која освојува на прво слушање и врвна диџеј поддршка со: Wocky, Svemirski Mjau и Deeman кои ќе се погрижат за ритамот кој нема да ве остави да седите!
Бидете дел од приказната и доживејте го духот на војводинските работилници, креативниот камп и неповторливата атмосфера среде Скопје и слушнете го повикот на ветерниците!
Цената на билетите е: 400 денари за една вечер, а 600 денари за двете вечери.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата