За своите борби со нарушувањето во исхраната, и за својот живот, американската глумица говори во своите мемоари „Ти со тажни очи“ (You With the Sad Eyes), коишто излегуваат на 3 март.
„Ако требаше да јадам нешто навистина големо, како ѓеврек, би извадила парче од него и можеби би изела половина од него, или половина од половината. Тоа би била мојата храна за денот... Понекогаш се казнував себеси и воопшто не јадев. Носев број 0, а тимот за костими во 'Оженет, со деца' честопати мораше да ми ја намали облеката. Се шегував дека ако моите бутни коски не беа првото нешто што ќе влезеше во собата, тоа ќе беше прекумерната тежина“, пишува Еплгејт.
Глумицата, која се наоѓа среде шестото десетлетие од својот живот, вели дека на тој начин се довела во тешка состојба, и дека „никогаш не била среќна“ со своето тело. Почнала да носи и „пооткривачка облека“ за да добие реакција од студиската публика.
„До сезоната 5, ќе влезев во дневната соба (на сцената каде што серијата се снима, з.п.) облечена во кожна јакна со реси преку кратка црвена кошула и следеше пауза од пет секунди додека публиката ми врескаше. Сега, кога се сеќавам на тоа - се срамам. Серијата беше навистина груба и вулгарна, и денес нема шанси да се сними такво нешто“, се присеќа глумицата.
Последниве години, таа се бори и со мултиплекс-склероза, па затоа, сѐ помалку се појавува на малите и големите екрани. Во мигов, според ИМДБ, се подготвува цртана верзија на „Оженет, со деца“, со гласовите на оригиналните глумци меѓу кои и Еплгејт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата