logo
logo
logo

Хакери украдоа десетици илјади лични податоци од гости во италијански хотели

Vecer | 13.08.2025

Хакери украдоа десетици илјади лични податоци од гости во италијански хотели

Групата „Mydocs“ во последните денови нуди околу 70.000 документи за продажба преку интернет, соопшти денеска италијанската полиција, пренесува ДПА.

Протекувањето на податоците се однесува на луксузни хотели во Венеција, Трст и на островот Капри. Хакерите, според полицијата, од јуни нелегално влегувале во системите за резервации на повеќе хотели, при што се стекнале со високорезолуциски скенирани копии од пасоши, лични карти и други документи на туристи и деловни патници.

Државната агенција за дигитални работи (AgID) информира дека документите сега се продаваат на „дарк веб“ во пикселизирана форма, по цени од 800 до 10.000 евра.

Весникот „Кориере дел Венето“ објави дека еден од погодените хотели е хотелот со четири ѕвезди Ca' dei Conti во Венеција, од каде наводно биле украдени 38.000 документи.

Во Италија, гостите мора да приложат документ за идентификација при пријавување во хотел, кој обично се копира на рецепција. Сѐ повеќе хотели користат компјутерски системи за автоматизирано дигитализирање на овие податоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk