Украинката Валерија Воронина стана сензација на социјалните мрежи и сето тоа заради неверојатните трансформации кои ги постигнува благодарение на добрата шминка и фризура. Нејзините снимки имаат милионски прегледи само затоа што разликата пред и после шминкањето е драстична, речиси неверојатно е да не се запрашате дали станува збор за истата личност.
Валерија со шминка изгледа практично совршено - со сини очи, полни усни и мал прекрасно обликуван нос, додека без сосема обично, дури и потпросечно.
Иако е очигледно дека оваа млада дама намерно го карикатурира својот лик и фаќа лоши агли кога се фотографира без шминка, сепак разликата со и без шминка е огромна.
Коментарите на нејзините следбеници се поделени - едни се восхитуваат на нејзините вештини, додека други нејзините трансформации ги нарекуваат „измама“ и „најголемата лага на Интернет“.
„Одбивам да верувам дека се работи за истата личност“, „Треба да се забранат ваквите измами“, „Имам трауми од толку голема разлика“, „Ова не е фер кон никого“, „Жено, буквално го лажеш цел свет“, се само дел од коментарите под нејзините објави.