logo
logo
logo

Кафето поскапува: Високите цени ги загрижија и производителите и потрошувачите

Vecer | 16.07.2025

Кафето поскапува: Високите цени ги загрижија и производителите и потрошувачите

Цената на кафето расте бидејќи неговото одгледување станува сè потешко поради климатските промени, но и поради неповолните пазарни услови за малите одгледувачи, кои се основата на производството на оваа култура.

Потрошувачите можат да помогнат со купување сертифицирани и одржливи сорти кафе и со поддршка на производителите кои внимаваат на екологијата.

Можеби ќе ве интересира: Една шолја од овој напиток прави чудо за бубрезите: Еве кога е најдобро да ја пиете

Андреа Или, претседател на италијанската компанија за преработка на кафе „Или“, изјави дека моментално високите цени на кафето се последица на минатогодишните суши во Виетнам и Бразил, предизвикани од „Ел Нињо“, океанска струја што се движи напред-назад преку јужниот дел на Тихиот океан.

Климатските промени го засилија влијанието на „Ел Нињо“ и го проширија, дури и на атлантски локации како Бразил. Тоа доведе до поголеми суши, кои ги намалија приносите и ја зголемија цената на зеленото кафе што оди во пржениците за речиси 55 проценти.

– Ни одгледувачите на кафе не се задоволни од толку високата цена, бидејќи велат дека таа е неодржлива. Потрошувачката ќе падне, а потоа цената ќе се сруши – рече Или.

Можеби ќе ве интересира: Цената на кафето на светските берзи незапирливо расте 

Одгледувачите во период на поголема побарувачка се обидуваат да го искористат моментот со засадување повеќе дрвца, зголемувајќи го производството, пренесува Биз Портал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk