logo
logo
logo

Јапонската телевизија објави што им се случило на китовите по силниот земјотрес во Русија (ВИДЕО)

Vecer | 30.07.2025

Јапонската телевизија објави што им се случило на китовите по силниот земјотрес во Русија (ВИДЕО)

Снимките покажуваат четири китови како се исфрлаат на брегот во градот Татејама, во префектурата Чиба.

Појавата на китовите беше емитувана во живо на јапонската телевизија, а првите бранови го погодија градот Хокаидо во 10:40 часот по локално време.

Китовите можат да бидат исфрлени на брегот за време на цунами поради брзите и нагли промени на нивото на водата и океанските струи во близина на брегот.

Кога брановите се приближуваат до брегот, водата прво брзо се повлекува, што може да ги остави китовите на суво во близина на плажата.

Земјотрес со магнитуда од 8,8 степени што го погоди брегот на Камчатка утрово предизвика цунами во неколку земји во регионот на Пацификот, вклучувајќи ги Русија, Јапонија, САД и Канада.

Тоа е најмоќниот земјотрес во светот од 2011 година, кога земјотрес со јачина од 9 до 9,1 степени по Рихтер уби повеќе од 19.000 луѓе низ Јапонија, а брановите достигнаа висина и до 40 метри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk