logo
logo
logo

Иранскиот претседател предупредува: Водната криза може да го испразни Техеран

Vecer | 24.07.2025

Иранскиот претседател предупредува: Водната криза може да го испразни Техеран

- Ситуацијата е критична – Техеран речиси и да нема вода, изјави Пезешкијан, додавајќи дека не е исклучена можноста да се донесе итна одлука за преместување на главниот град.

Според податоците, Иран се соочува со водна криза во над 20 од вкупно 31 провинција. Државната новинска агенција ИРНА јавува дека еден од најголемите резервоари може целосно да пресуши во наредните четири недели.

Во седум резервоари нивото на вода е под 10 отсто, а две брани – во провинциите Хормозган и Фарс – веќе целосно пресушиле. Вкупно 80 отсто од водните капацитети во земјата се речиси празни.

Климатолози предупредуваат дека нормално водоснабдување нема да биде можно во наредните два месеца ако не дојде до обилни врнежи.

Пезешкијан ја обвини претходната влада дека го игнорирала проблемот, и додаде дека две последователни години на суша се меѓу главните причини за кризата.

Поради ситуацијата, сите државни институции и училишта се затворени барем до сабота, а неколку претпријатија го прекинале производството поради недостиг на вода и електрична енергија. 

Многу жители веќе го напуштаат Техеран, заминувајќи кон провинциите покрај Каспиското Море, кои засега немаат проблеми со водоснабдувањето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk