logo
logo
logo

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици

Vecer | 17.08.2025

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици

Еден од најголемите собири се одржа во Остин, главниот град на јужната сојузна држава Тексас, каде локалните медиуми јавија дека се собрале околу 5.000 демонстранти, главно против планот на републиканците за ново прекројување на изборните единици.

Протестите се поврзани со рамнотежата на силите во американскиот Конгрес, кој се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот. Републиканската партија моментално има тесно мнозинство во двата дома.

Во пресрет на конгресните избори во 2026 година, републиканците планираат да прекројат неколку изборни окрузи во Тексас во своја корист, што би можело да влијае врз контролата на Претставничкиот дом.

Оваа практика, позната како „џеримандеринг“, историски била користена и од двете партии за да се обезбедат систематски изборни предности.

Според податоците на „Crowd Consortium“ при Харвард универзитетот, протестите против Трамп во вториот мандат се многу пообемни отколку за време на првиот. Во јуни, демонстрациите под слоганот „No Kings“ („Нема кралеви“) собраа неколку милиони учесници низ целата земја, што беше оценето како едни од најмасовните протести во историјата на САД. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk