logo
logo
logo

(ВИДЕО) Откриен МИСТЕРИОЗЕН СИН ОКТОПОД што никој досега не го видел

Vecer | 25.05.2026

(ВИДЕО) Откриен МИСТЕРИОЗЕН СИН ОКТОПОД што никој досега не го видел

Истражувачите открија нов вид октопод во длабокото море околу Галапагоските острови, се наведува во неодамна објавениот научен труд. Ситниот син октопод, под научното име Microeledone galapagensis, за првпат бил забележан за време на длабокоморска експедиција во 2015 година, која го истражувала океанското дно во близина на островот Дарвин, на северниот раб на архипелагот.

Снимките од мисијата го документираат ентузијазмот на научниците, чии први импресии биле запишани како: „Ситен е!“ и „Син е!“. За време на експедицијата биле забележани уште два примерока, а една женка била пронајдена на длабочина од 1773 метри, соопшти Природонаучниот музеј „Филд“ во Чикаго.

„Веднаш знаев дека тоа е нешто навистина посебно“, изјави Џенет Војт од музејот, главна авторка на студијата која го опишува новиот вид. „Никогаш немав видено ништо слично“. Трудот, објавен во списанието Zootaxa, го опишува животното како „мало, здепасто, со кратки краци“, со „помал број пипала и шкржни ламели“ и со „мазна кожа“.

„Тоа се мали октоподи кои живеат во длабокото море и речиси никој на Земјата никогаш не ги видел. Среќна сум што имав можност да работам со нив“, изјави Војт. „Кога би го земале сето копно на Земјата и би го споиле, нема да го покриете Тихиот Океан. Океаните се толку големи, а има уште толку многу за истражување“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk