logo
logo
logo

„ГЛАСНИК НА КАТАСТРОФА“: Рибари уловиле „риба на судниот ден“, веднаш започна ПАНИКА

Vecer | 18.06.2025

„ГЛАСНИК НА КАТАСТРОФА“: Рибари уловиле „риба на судниот ден“, веднаш започна ПАНИКА

Рибарите во индиската федерална држава Тамил Наду уловиле појасна риба, односно рибата на судниот ден, како што ја нарекуваат многумина низ целиот свет. Неколку мажи позираа со неа, за да покажат колку е долга. И навистина е импресивно суштество.

Штом се раширија гласините за уловот, многумина во тој дел од светот почнаа да паничат.

Но, научниците предупредуваат дека не постои докажана врска помеѓу оваа риба и природните катастрофи.

Работите се едноставни: рибата си е риба, таа живее свој живот, а фактот дека е фатена и убиена е вистинска катастрофа. Но, тоа воопшто не значи ништо за човечката заедница.

Историчарите откриле дека идејата потекнува од јапонскиот фолклор.

Стана уште попопуларен откако околу 20 од овие риби беа пронајдени на плажите низ Јапонија по земјотресот во 2011 година.

Овие витки суштества живеат на длабочина помеѓу 200 и 1.000 метри, во област на длабокото море наречена мезопелагична зона, и не се гледаат често. Кога ова ќе се случи, тие обично се мртви и ги исфрла морето на брегот по бура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk