Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат.
Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење.
Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година, но е значително помал (за 7,7 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2015 година, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.
Најголем дел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор се забележани во Романија (61,4 проценти), Грција (46,6), како и во Бугарија и Унгарија (39,1 процент во обете земји).
Во Грција, 46,6% изјавиле дека не се во можност да платат за еднонеделен одмор. Грција е на претпоследната позиција меѓу земјите од ЕУ и само над Романија, каде што 61,4% изјавиле дека не можат да си дозволат одмор.
Спротивно на тоа, 10,6 проценти од луѓето во Луксембург, 12,4 во Шведска и 12,8 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата