logo
logo
logo

Уапсена двојка која имала интимен однос за време на лет

Vecer | 24.07.2025

Уапсена двојка која имала интимен однос за време на лет

За време на летот на линијата Њујорк-Сарасота, во сабота, 19 јули, беше пријавен инцидент што резултираше со апсење.

Како што е објавено, стјуардесата го пријавила инцидентот што ги вознемирил патниците, меѓу кои и неколку деца со нивните мајки, пренесува Yahoo.com.

Тврдења за неморално однесување

По слетувањето на меѓународниот аеродром Сарасота-Бредентон, полицијата ги уапси Кристофер Арнолд (42) и Триша Рајли (43) од Данбери, Конектикат.

Нивното однесување, како што е објавено, е причина за покренување истрага.

Двојката се соочува со обвиненија за непристојно и неморално однесување откако наводно имале интимен односс во текот на летот. Тие беа пуштени да се бранат од слобода и ќе се појават на суд на 15 август.

Овој случај нè потсетува колку е важно да се следат правилата и нормите на однесување за време на летовите со авион, особено кога се присутни деца и семејства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk