Единствениот биолошки син на Бред Пит и Анџелина Џоли немаме можност многу често да го гледаме во јавноста. Нокс Леон Џоли Пит сега е снимен во Лос Анџелес.

Фотографите го снимиле додека излегувал од теретана со боксерски ракавици во рака. Делувал незаинтересирано за она што се случува околу него, очигледно ниту за објективите кои се нашле во близина.

За Нокс се знае многу малку, но се знае дека тој има сестра близначка Вивиен и дека го носи презимето на двајцата родители. Младиот човек има 16 години.

Анџелина и Бред се разделија пред повеќе од седум години, но нивниот развод се уште не е финализиран. Покрај Нокс и Вивиен, тие имаат уште четири деца. Шајло е нивната биолошка ќерка, додека Захара, Медокс и Пакс се посвоени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата