logo
logo
logo

Дубаи останува омилена дестинација за странските туристи - рекордна посетеност во 2025 година

Vecer | 11.02.2026

Дубаи останува омилена дестинација за странските туристи - рекордна посетеност во 2025 година

Според податоците објавени од Департманот за економија и туризам на Дубаи, големите маркетинг кампањи, настаните и стратешките партнерства придонесоа Дубаи да биде посетен од 19,59 милиони странски туристи во 2025 година, што претставува зголемување од пет отсто, во споредба со 2024 година, кога го посетиле 18,72 милиони луѓе од целиот свет.

Само во декември Дубаи го посетиле повеќе од два милиона туристи. 

Според шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, престолонаследник на Дубаи и претседател на Извршниот совет на Дубаи, ваквото значително подобрување на туризмот се должи на добрата стратегија, како и економските амбиции на Емиратот. 

Со понатамошно унапредување на исклучителната инфраструктура на градот и градење силни меѓународни партнерства, Дубаи ќе продолжи да биде една од најпосакуваните дестинации во светот. Со соработка меѓу сите засегнати страни, фокусирани сме да го подобриме квалитетот на услугите во туризмот, преку нови иновации, изјави Ал Мактум.

Земајќи ја предвид економската програма на градот, туристичкиот сектор е еден од најзначајните двигатели на економската диверзификација и одржливиот раст. Фокусирани сме на понатамошен развој на интегрираниот туристички екосистем на Дубаи, со цел и понатаму да остане водечка светска дестинација за бизнис, одмор и еден од најубавите градови за живеење, работа и посета, додаде тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk