По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави порталот Охрид њуз.
Илоски е роден на 23 јануари 1963 година. Долги години се занимаваше со градежништво и беше познат по неговата фирма „Ремис“. Семејниот бизнис на Илоски опфаќа хотели и угостителски објекти, меѓу кои и познатиот комплекс „Инекс“.
Бошко Илоски ќе биде погребан на градските гробишта во Охрид на 24 ноември, вторник, во 12:30 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата