logo
logo
logo

Дали се јавувате на семејството кога ќе заминете на патување?

Vecer | 01.12.2023

Дали се јавувате на семејството кога ќе заминете на патување?

Испитувањето покажало дека секој 4-ти испитаник откако ќе отпатува се јавува кај најблиските.

Една студија во Америка покажала какви навики имаат луѓето што патуваат и дали сакаат да бидат во контакт со своите сакани додека се релаксираат на друго место. Додека секој четврти секогаш е во контакт со семејството и пријателите, секој осми признавава дека ретко или никогаш не го прави тоа и дека ужива во времето кога е отсутен.

Истражувањето спроведено на 2.000 Американци, покажало дека на повеќе од половина им треба време да „си дојдат на себе“ од патот. Враќањето дома не е воопшто лесно бидејќи на многумина им требаат околу четири дена да се прилагодат откако ќе се вратат, пренесува studyfinds.org.

На испитаниците им биле потребни во просек околу 15 дена за да се подготват за некое меѓународно патување. Покрај одењето на лекар, подготовката најчесто вклучува и снабдување важни документи, уредување на услугите на мобилниот телефон и купување патничко осигурување.

Ова истражување било спроведено од „One Pool“ во име на AIG Travel, а многумина откриле дека подготовката е исплатлива и дека меѓународните патувања се многу позабавни од домашните.

Каква личност сте за патување?

Резултатите од истражувањето дадоа интересни податоци, а најголем број од патниците се изјасниле како планери, 16 отсто од нив. Оние кои сакале да ги посетат локациите и се класифицирале како „туристи“ биле 14 проценти, додека 13 проценти биле „актери“, односно оние што сакале да пробаат нова кујна. Меѓу испитаниците, секој осми се дефинирал себеси како скитник кој не се држи до планот, туку бара својот пат.

Дали ве фаќа паника на патување?

Речиси четвртина од испитаниците признале дека имаат панични моменти за време на патувањето во странство. Овие моменти вклучуваат често откажување на летот или пропуштање на летот, губење на багажот или неможноста да се разберат поради неговорењето на јазикот на земјата што ја посетуваат.

За многумина, безбедноста е на прво место, студијата покажала дека таа им е важна на повеќе од една третина од анкетираните. Речиси половина од испитаниците признале дека би сакале да патуваат пред крајот на оваа година, а 6 од 10 испитаници изразиле надеж дека догодина ќе патуваат повеќе.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk