Научниците од Руската академија на науките, Државниот универзитет во Санкт Петербург и Минералошкиот музеј „А. Е. Ферсман“ дојдоа до фасцинантно откритие во рудникот „Кировски“, лоциран на планинскиот масив Хибини.
Во длабочините на полуостровот Кола е откриен претходно непознат кристал, кој го доби официјалното име „колски ашкрофтин“.
Целиот Периоден систем собрана во еден кристал
Новооткриениот минерал содржи итриум – исклучително ценет елемент од групата на ретки земји. Поради својот хемиски состав, тој претставува вистинско природно чудо.
„Ова веќе не е само убав камен; ова е хемиски архив на Земјината кора! Во еден единствен кристал се собрани итриум, силициум, калиум, натриум и практично целиот Периоден систем на елементи“, истакнуваат истражувачите во официјалното соопштение.
Вредност што ја засенува цената на златото
Покрај научната вредност, овој кристал има и баснословна материјална цена. Просечната вредност само на еден слој од овој минерал на карпата изнесува дури 145 долари по милиметар, што е цена која далеку ја надминува вредноста на златото на светските берзи.
Јединственоста на овој примерок се должи и на специфичното присуство на калциум, манган и флуор, а структурата на кристалот припаѓа во категоријата на најсложени минерални структури познати на современата наука.
Инаку, типичниот ашкрофтин е розов, проѕирен и исклучително кршлив силикатен минерал. Тој е меѓу најретките на планетата, а досега во мали количини е пронајден единствено на Гренланд, во Канада и во Италија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата