logo
logo
logo

Е ова е организирана држава: ЗА САМО ЕДНА НОЌ СМЕНИЈА ПРАВЦИ ЗА ВОЗЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ, без хаос и последици

Vecer | 08.07.2025

Е ова е организирана држава: ЗА САМО ЕДНА НОЌ СМЕНИЈА ПРАВЦИ ЗА ВОЗЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ, без хаос и последици

Многу е тешко да се променат навиките на цела нација за само неколку часа. Во Шведска, тоа се случи пред повеќе од 60 години - на 3 септември 1967 година, кога возењето од левата страна беше префрлено на десната.

Со внимателно планирање и кампања за подигање на свеста, државата успеа да ги информира и подготви граѓаните за оваа огромна промена без поголеми последици.

Одлуката за преминување на возење од десна страна беше донесена во 1963 година, четири години претходно. Овој историски настан е познат како Högertrafikomläggningen или едноставно „Денот Х“, пишува Revijahak.

Шведската влада сериозно пристапи кон подготовките, кои траеја повеќе од една година. Беа дистрибуирани дури 12 милиони брошури, а беше дизајнирано и посебно лого за да се зголеми видливоста на кампањата.

Сепак, убедувањето на јавноста не беше лесно - на референдумот во 1955 година, дури 83% од граѓаните беа против промената, додека само 15% го поддржаа префрлањето на десната страна од патот.

Сепак, осум години подоцна, властите одлучија да ја спроведат реформата.

Заради промена, сообраќајот е привремено целосно запрен. На 3 септември 1967 година, сообраќајот беше забранет од еден часот по полноќ, освен за службите за итни случаи.

Во текот на следните неколку часа, полицијата, војската, вработените во општинските служби и бројни волонтери работеа на целосна замена на сигнализацијата низ целата земја.

Семафорите беа блокирани, автобуските станици беа преместени, а хоризонталната сигнализација - линиите на коловозот што беа жолти - беше обоена во бело. Веќе во пет часот наутро, сè мораше да биде подготвено.

Иако сообраќајот првично беше хаотичен, граѓаните беа исклучително внимателни, па немаше зголемување на бројот на сообраќајни несреќи.

Така, Шведска се усогласи со поголемиот дел од Европа и направи еден од најамбициозните инфраструктурни проекти во својата историја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk