logo
logo
logo

УЖАСНА СУДБИНА

Ова е НАЈГОЛЕМИОТ БОРДЕЛ ВО СВЕТОТ каде жените ги исполнуваат фантазиите на мажите за 2 ЕВРА: ИМА И 14-ГОДИШНИ ДЕВОЈЧИЊА

Vecer | 12.06.2025

Ова е НАЈГОЛЕМИОТ БОРДЕЛ ВО СВЕТОТ каде жените ги исполнуваат фантазиите на мажите за 2 ЕВРА: ИМА И 14-ГОДИШНИ ДЕВОЈЧИЊА

Село во округот Раџбари во Бангладеш, е најголемиот бордел во земјата, а можеби и во светот. Девојките и жените што живеат и работат таму дошле на ова место откако биле киднапирани од банди, продадени од нивните семејства или измамени од поранешни партнери или сводници.

Секој ден, повеќе од 1.500 жени и девојки ги задоволуваат сексуалните желби на повеќе од 3.000 мажи за само 2 евра.

Бангладеш затвора очи пред проституцијата, а девојките чии мајки биле проститутки мора да го следат нивниот пат од 14-годишна возраст. Но, многу девојки се шверцуваат во Даулатдија - составен од низа колиби што сочинуваат лавиринт од улички - и се изложени доживотно на физичко и психолошко страдање што ниедно дете не би требало да го доживее.

„Само сакаме да си играме, сакаме да си играме. Би сакала некој да ни обезбеди друго место, некаде каде што можеме да живееме“, вели едно девојче влечено во пеколот на Даулатди, пишува Дејли мејл.

Нивната застрашувачка судбина излезе на виделина откако еден гостин се пофалил дека „ја зема која било девојка што ќе ја посака. Не се чувствува лошо за тоа, сите треба да се забавуваат“.

Околу 3.000 мажи го посетуваат борделот секој ден, повеќето од нив возачи на камиони кои застануваат во Даулатдија поради неговата добра локација веднаш до железничката станица и фериботскиот терминал на реката Падма, главниот канал што тече од Ганг.

Минатиот месец, Амнести Интернешнл објави шокантен апел и им порача на жените од Даулатдија: „Повеќе нема да молчиме“. Ќе се заложат, велат, за затворање на Даулатдија и изградба на „вистински домови и места за работа на жените“.

Оваа реакција веројатно беше поттикната од новите видеа направени во селото, кои се појавија на Интернет. На видеото, може да се видат мажи како патролираат по густо населени улички, барајќи жени што ќе ги посакаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk