logo
logo
logo

Сакале да имаат совршени свадбени фотки, ама ГИ НЕМААТ!

Vecer | 02.12.2024

Сакале да имаат совршени свадбени фотки, ама ГИ НЕМААТ!

На социјалната мрежа ТикТок видео од млад брачен пар стана вирално и предизвика лавина коментари. Младенците сакале да имаат совршени свадбени фотографии, но не им успеало.

Имено, тие решиле по венчавката да се фотографираат на плажа во Португалија, но превиделе еден детаљ. Имено, станува збор за разбрануваниот океан. Брановите за сето време биле толку големи што ја преклопиле невестата која во еден момент и паднала и била целата мокра.

Младоженецот се обидел да ја крене, пред да дојде нов бран. И на крајот успеал, не им успеала фотосесијата.

Видеото собра илјадници лајкови и прегледи, а корисниците масовно коментирале: „Вистински пример за фразата „Додека смртта не не раздели“, „Ова никогаш нема да го заборавиш“, „Ќе имаш убави спомени“ и „Барем ќе имате оригинални фотографии“, „Не ми е смешно, бранот можеше да ја одвлече, барем остана жива“, се само дел од коментарите.

Сепак, ваквите ситуации не секогаш завршуваат убаво како оваа. Двојка во Кина била влечена во водата од океанските бранови додека се фотографирала по нивната венчавка и завршила трагично.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk