logo
logo
logo

Поскапува бензинот, треба да се знае НА КОЈА БРЗИНА ШТЕДИТЕ, А КОГА ТРОШИТЕ КАКО ТЕНК

Vecer | 11.03.2026

Поскапува бензинот, треба да се знае НА КОЈА БРЗИНА ШТЕДИТЕ, А КОГА ТРОШИТЕ КАКО ТЕНК

Војна на север, војна на јуоисток... и тоа војни кај државите кои се лидери во производство на нафта што предизвикува поскапување на дизелот и бензинот. Затоа, во вакви времиња добро е да се знае кога возилото најмалку, а кога најмногу троши се поскап бензин или дизел.

Ако некогаш сте имале можност да купите хибридно возило а сте се предомислиле поради повисока цена од неколку иљади евра во однос на бензинецот, или дизелот, сте згрешиле бидејќи доаѓаат времиња кога хибридните мотори ги враќаат потрошените пари и заработуваат.

Хибридите трошат скоро двојно помлаку гориво од бензинците ако се возат паметно. Често и под 5 литри на поминати 100 километри.

Но, какво возило и да имате на потрошувачката најмногу влијае брзината и агресивноста на возењето. Брзо, а плус и силно нагазување на гасот при старт од визилото, прават најголем потрошувач од дсите во домот.

Отпорот на воздухот се зголемува експоненцијално со зголемување на брзината. Значи, ако забрзате само малку повеќеод просечното, отпорот, а со него и потрошувачката, може да се зголеми значително повеќе отколку што би очекувале.

Според германскиот автомобилски клуб ADAC, автомобилите од средната класа при брзина од 150 км/ч трошат до две третини повеќе гориво отколку тие со брзина 90-100 км/ч.

Иако многу возачи, дури и на нашите автопати, сакаат да возат брзо, тоа е далеку од економично (и безбедно).

Која брзина е идеална за економично возење? Прво забрзајте колку што е потребно, потоа префрлете се на највисоката можна брзина и одржувајте брзина помеѓу 60 и 90 км/ч - тогаш потрошувачката е минимална, а и нервите се помирни па на крајот ќе стасате опуштени и одморни. Битно е да не ја преминете магичната бројка од 110-120 км/ч псчле што моторот троши од 30-50% повеќе гориво.

Оптималната брзина за најниска потрошувачка на гориво е обично помеѓу 90 и 100 км/ч, при што брзината на моторот се одржува од 1500 до 2500 вртежи во минута. Намалувањето на брзината од 110 км/ч на 100 км/ч може да ја намали потрошувачката за околу 9%-10%. Возењето побрзо драстично го зголемува отпорот на воздухот, што директно ја зголемува потрошувачката.

Современите мотори се најефикасни помеѓу 90 и 110 км/ч, а по тој праг, потрошувачката брзо се зголемува поради поголемо оптоварување на погонскиот склоп, поголем отпор на возухот а освен тоа напрегањето побрзо го оштетува моторот и гумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk