logo
logo
logo

АКО МОЖЕ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ ДА МОЖЕ И ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ, Европските синдикати бараат паузи за разладување

Vecer | 25.06.2026

АКО МОЖЕ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ ДА МОЖЕ И ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ, Европските синдикати бараат паузи за разладување

Европската конфедерација на синдикати (ЕКС / ETUC) ја повика Европската Унија да воведе задолжителни, законски пропишани паузи за работниците кои се изложени на екстремни горештини, предупредувајќи на сè поголемите ризици по здравјето и безбедноста за време на сè почестите топлински бранови.

Синдикатот во соопштението наведе дека работниците би требало да имаат право на „паузи за ладење“ за време на периоди со високи температури, инспирирани од мерките кои беа воведени на Светското првенство во фудбал 2026 година, кога фудбалските натпревари беа прекинувани за да се заштитат играчите од екстремната горештина, пренесува „Фигаро“.

Генералната секретарка на ЕКС, Естер Линч, оцени дека таквите мерки покажале колку екстремните температури можат да влијаат врз физичката издржливост и безбедноста, но и дека истото ниво на заштита би требало да им се обезбеди и на работниците во различните сектори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk