logo
logo
logo

Клиника Жан Митрев ја одбележа светската недела на доењето

Vecer | 10.08.2026

Клиника Жан Митрев ја одбележа светската недела на доењето

Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Не постои мајчино млеко со лош квалитет истакна д-р Димитриоска

По повод Светската недела на доењето, тим од Клиничката болница Жан Митрев учествуваше на стручно предавање на тема „Доење: Едукација и поддршка на родителите“, организирано од Доење со љубов и Бебелогија, со цел да се подигне свесноста за важноста на доењето и да се истакне улогата на здравствените работници во поддршката на секое семејство.

Д-р Рената Димитриоска, специјалист по педијатрија и супспецијалист по неонатологија, која одржа предавање пред многубројните сегашни и идни мајки истакна дека според препораките на Светската здравствена организација, доењето треба да започне уште во првиот час по раѓањето, да биде ексклузивно во првите шест месеци од животот, а по воведувањето на цврста храна да продолжи до две години и подолго. Секој дополнителен месец доење носи дополнителни здравствени придобивки.

„Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната на новороденчињата. Тоа не е само храна, туку претставува биолошка комуникација помеѓу мајката и бебето, обезбедува идеална исхрана, ја зајакнува имунолошката заштита и овозможува најдобар можен почеток на животот. Научните докази покажуваат дека придобивките од доењето се долгорочни и се однесуваат и на здравјето на детето и на здравјето на мајката. Доењето е многу повеќе од начин на исхрана – тоа е најдобриот почеток што можеме да му го подариме на секое новороденче. Кога родителите добиваат навремена едукација, професионална поддршка и охрабрување, тие полесно ги надминуваат предизвиците и со поголема самодоверба го градат најважниот однос со своето бебе“ – изјави д-р Димитриоска.

Клиничката болница Жан Митревпромовира, едуцира и ги поддржува родителите со соодветни насоки и активности за започнување на доење во родилиштето и со честите контролни прегледи дава насоки за одржување на доењето до 2 год според строгите препораки на Светската здравствена организација.

Во Клиничката болница Жан Митрев  посветени на создавање средина во која секоја мајка и секое семејство ќе добијат стручна, современа и индивидуализирана поддршка во најважните први денови од животот на нивното бебе.

Поддршката за доењето е поддршка за поздрави генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk