logo
logo
logo

ЗАБРАНА ЗА ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ЛИЦА ПОД 15 ГОДИНИ – нов закон во Турција

Vecer | 23.04.2026

ЗАБРАНА ЗА ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ЛИЦА ПОД 15 ГОДИНИ – нов закон во Турција

Турскиот парламент во средата навечер усвои закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, извести турската новинска агенција Анадолу.

Лицата помлади од 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста, извести турскиот информативен канал НТВ.

Родителите ќе имаат алатки за контрола на времето поминато пред екраните, а во „итни случаи“, главните платформи на социјалните медиуми ќе мора да интервенираат во рок од еден час од ширењето на штетна содржина, додаде НТВ. Законот стапува на сила шест месеци по објавувањето во службениот весник, јавува Анадолу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk