logo
logo
logo

РУЧЕК КОЈ НИКОГАШ НЕ ГО ИЗЕДОА: Што ги чекало Трамп и Путин на раскошната трпеза во Алјаска?

Vecer | 16.08.2025

РУЧЕК КОЈ НИКОГАШ НЕ ГО ИЗЕДОА: Што ги чекало Трамп и Путин на раскошната трпеза во Алјаска?

Иако официјалниот ручек по повод средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска беше планиран со посебна грижа, на крајот беше откажан, но менито сепак протече во јавноста.

Објавено е од украинскиот портал TSN.

Според објавената фотографија, вечерата требало да започне со зелена салата со дресинг од шампањ и леб од кисело тесто и путер со рузмарин и лимон.

За главно јадење се нудат два избора: филе мињон во сос од коњак и бибер или халибут Олимпија, јадење од бела риба подготвено на класичен американски начин.

Тоа е класична кујна од Алјаска и јадење кое се појавува во бројни варијации низ целиот регион.

Името доаѓа од градот Олимпија во Вашингтон и најчесто се подготвува со павлака, мајонез, кромид и презла.

Постојат неколку варијации на рецептот, но основниот концепт е обично ист: рибата се пече со сос од павлака и мајонез, потоа се панира и се пече додека не добие златна боја.

Заедно со главното јадење, како прилози биле планирани кремасто пире од компири со путер и печени аспарагуси.

Конечно, како десерт, планиран е „крем бруле“ со сладолед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk