logo
logo
logo

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА! Стигна најлошата вест за принцот Хари

Vecer | 03.05.2025

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА! Стигна најлошата вест за принцот Хари

Принцот Хари ја загуби правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена и на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.

Принцот Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.

Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.

Неговите адвокати тврдеа дека животот му е во опасност поради недостаток на соодветна заштита.

Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.

Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна таква заштита како во времето пред да ги напушти кралските должности.

Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk