logo
logo
logo

Младоженец избегал од пред oлтар пред венчавка, ГО НАШЛЕ И ВРАТИЛЕ ВО ЦРКВАТА ВО СКОПЈЕ

Vecer | 25.11.2025

Младоженец избегал од пред oлтар пред венчавка, ГО НАШЛЕ И ВРАТИЛЕ ВО ЦРКВАТА ВО СКОПЈЕ

Нескојдневен настан се случил викендов во црквата Богородица во Скопје.

Во неделата на 23 ноември, во црквата имало закажано неколку венчавки на постари брачни парови, кои од различни причини во минатото не успеале да направат црковен брак.

Храмот организирал таква групна венчавка со сите црковни монети, со цел да биде повозвишен овој чин за оние кои стапуваат во брак.

Но, според информациите на Религија.мк, еден од младоженците побегнал.

Пред да почне венчавката, констатирале дека го снемало, без никој да примети.

На изненадување на присутните, венчавката била одложена за момент и почнала потрага по младоженецот. По кратко време бил пронајден и вратен во црквата.

Извори велат дека сепак венчавката завршила со среќен крај за сите брачни парови.

Што го натерало младоженецот да побегне, останува непознато, иако со години парот живее среќно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk