logo
logo
logo

(ВИДЕО) Уапсен „ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ“ од Аеродром: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ НАД 40 насади МАРИХУАНА

Vecer | 21.04.2026

(ВИДЕО) Уапсен „ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ“ од Аеродром: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ НАД 40 насади МАРИХУАНА

Полицијата откри импровизирана лабораторија за производство на марихуана во скопската општина Аеродром. При претрес во домот на 50-годишниот скопјанец со иницијали В.В., полициски службеници од СВР Скопје откриле вистински расадник на недозволени супстанции.

Акцијата, која била спроведена врз основа на претходно добиена судска наредба, резултирала со заплена на 41 саксија со насади од канабис. Покрај растенијата, полицијата пронашла и комплетна опрема за нивно вештачко одгледување, вклучувајќи специјални рефлектори и канти за дохрана. Во станот биле откриени и дополнителни количини на марихуана, непозната прашкаста материја и капсули, кои се предадени на понатамошно вештачење.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека лицето е веднаш лишено од слобода. По целосно документирање на сите докази, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Обвинителство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk