Еден човек избегал од затвор во Франција криејќи се во торбата на својот цимер, кој бил ослободен откако ја издржал казната, изјавил официјален претставник за локалните медиуми.
Себастијан Ковел, директор на францускиот затворски систем, за партнерот на Си-Ен-Ен, BFMTV, изјави дека човекот го искористил ослободувањето на неговиот соќелиец за да избега од затворот Корба, во близина на Лион, град во југоисточна Франција.
„Ова е исклучително редок случај што никогаш порано не сме го евидентирале во рамките на оваа администрација и кој јасно укажува на цела низа сериозни недостатоци“, рече Ковел, истакнувајќи дека затворот Корба е пренатрупан.
Затворот моментално има стапка на исполнетост од околу 170%, изјави тој за телевизијата. „Тоа значително ги комплицира условите за работа на нашите службеници.“
Затвореникот кој избегал отслужувал повеќекратни казни, соопшти француската затворска служба, а јави европската новинска агенција АФП. Тој беше под истрага и во случај поврзан со организиран криминал, објави АФП, повикувајќи се на неименуван извор близок до истрагата.
Бегството на Mувата
Минатата година, друг затвореник избега во Франција откако вооружени лица поставија заседа врз затворски конвој што го транспортираше во затвор во северниот регион Нормандија.
💢 #ULTIMAHORA | Dos Funcionarios de Prisiones ASESINADOS hoy a tiros y otros tres más heridos de Gravedad en Francia 🇫🇷, en el asalto a un furgón de transporte del peligroso preso Narcotraficante Mohamed Amra
— Tu abandono me puede MATAR (@tu_abandono) May 14, 2024
👉🏼 El asalto, producido en el peaje de la autopista de #Incarville… pic.twitter.com/T2CpeKE0kf
Бегалецот, Мохамед Амра – познат и по прекарот Мува – беше повторно уапсен во Романија во февруари оваа година, според Ројтерс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата