Малезиската сообраќајна полиција започна голема операција наречена „Операција Луксуз“ и досега заплени дури 258 луксузни и егзотични автомобили, вклучувајќи Ламборџини, Ферари, Порше, Ролс-Ројс, Астон Мартин и Лотус.
Причината? Неважечки регистарски таблички, истечен технички преглед, неосигурени возила и - во некои случаи - фалсификувани броеви на шасија.
Акцијата била спроведена во неколку фази:
-101 возило запленето на 24 јуни
-53 возила на 1 август
-104 возила на 10 август
Некои од највпечатливите автомобили во акција беа Ламборџини Хуракан СТО, Ролс-Ројс Кулинан, Ферари 458 Италија, Порше Кајман ГТ4 и Астон Мартин ДБК - возила што би се очекувале на собири на богати ентузијасти за автомобили и колекционери, а не на полициски список за запленети автомобили.

Според локалните власти, голем број сопственици не ги обновиле своите полиси за осигурување ниту платиле за регистрација со години, па дури и странски државјани биле фатени зад воланот на скапи автомобили без никаков валиден документ.
Властите велат дека поседувањето луксузно возило не ослободува од одговорност и дека „Операцијата Луксуз“ ќе продолжи редовно, при што граѓаните ќе бидат поканети да пријавуваат прекршоци преку официјалната апликација.
Да ве потсетиме дека Малезија е меѓу земјите со највисоки даноци за луксузни возила - увозните давачки се 30%, данокот на промет 10% и акцизата 105%, што може да ја удвои или дури и да ја утростручи конечната цена на возилото.

Покрај сето тоа, моделите поскапи од 200.000 рингити (околу 41.000 евра) подлежат на дополнителен данок на луксузни стоки од 5-10%.
Затоа се почесто се случува сопствениците да купуваат автомобили - но да не плаќаат основни обврски како што се регистрација и осигурување.
Малезиските власти сега рекоа - луксуз да, но правилата важат за сите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата