Ненадејно починал сакан млад татко, оставајќи зад себе бремена партнерка и два мали сина, пишува Јутарњи.
Локи Седон (20) од австралиската сојузна држава Викторија починал на 24 ноември откако се заразил со златна стафилокока - инфекција која му се проширила на мозокот.
Тетката на Седон, Даниел Шерер изјави за Daily Mail Australia дека сето тоа се случило многу брзо.
„Се започна со мала исеченица на неговата усна и лекарот рече дека изгледа како загриз или нешто слично“, рече Шерер.
Следното утро, Седон и неговата партнерка Клер Хугендорн знаеле дека нешто не е во ред.
„Кога Локи се разбуди очите му беа отечени и испакнати, тој само и рече на партнерката: „Умирам“, сведочи Шерер.
Тој бил итно пренесен во локална болница и ставен во индуцирана кома.
За жал, болницата не била опремена да ја обезбеди потребната нега што ја бара критичната состојба на младиот татко.
„Малата регионална болница не можеше да ги задоволи сите негови потреби, па го префрлија во Мелбурн“, рече Шерер.
Седон бил префрлен со хеликоптер во Кралската болница Мелбурн и „не се разбудил повеќе“.
„Беше здрав, тој ден имаше нешто на усната, а следниот ден го немаше“, изјави Шерер.
Смртта на Седон го шокираше не само неговото семејство, туку и медицинските експерти.
„Специјалистот во одделот за интензивна нега кој се грижеше за Локи рече дека никогаш не видел нешто вакво да се случи од инфекција со златна стафилокока (ауреус)“, рече г-ѓа Шерер.
Клер и Локи биле во врска шест години, а таа моментално е бремена во 15 недела - носи девојче кое никогаш нема да го запознае нејзиниот татко.
Даниел Шерер собира донации на страницата GoFundMe за да му помогне на семејството, првенствено да плати за погребот, а сите преостанати средства ќе бидат насочени кон иднината на децата на Седон.
Таа рече дека сака да му го даде на Локи погребот и испраќањето што го заслужува и се надева дека ќе собере средства за да му помогне на неговото семејство.
„Ако ја постигнеме нашата цел, а ни остане нешто, она што всушност би сакала да го направам е да ги ставам парите во некаква основа за неговите деца“, рече таа.
Фото: Lockie Seddon /Gofundme
Извор: Јутарњи
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата