Тајмс оф Индиа, еден од највлијателните медиуми и портали во таа држава која брои над милијарда жители пишува:
Предвидувањето на Баба Ванѓа за Европа
Иако Баба Ванѓа почина во 1996 година, нејзините зборови остануваат моќни, особено во контекст на моменталниот меѓународен притисок. Нејзините најнови предвидувања прикажуваат мрачна иднина за Европа и проектираат неочекуван пораст на моќ за рускиот претседател Владимир Путин, за кој се вели дека е уверен дека е на „работ“ од победа во украинската војна.
Според извештаите, Баба Ванѓа предвидела дека конфликт ќе избувне на Исток во пролетта 2025 година, со далекусежни последици.
Едно од најинтригантните пророштва на Баба Ванѓа сугерира дека рускиот претседател Владимир Путин ќе игра клучна улога во обликувањето на глобалните прашања. Таа наводно предвидела дека Русија ќе „преживее и ќе доминира“, додека Европа се соочува со значителни превирања. Иако толкувањата на ова пророштво се разликуваат, тоа продолжува да ги поттикнува шпекулациите за иднината на регионот.
“Скептиците може да ги гледаат ваквите пророштва со сомнеж, но во услови на тековниот конфликт во Украина, нејзините предвидувања носат отрезнувачка тежина. Ова се совпаѓа со претходните предупредувања од поранешниот министер за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, кој изјави дека „ерата на мировна дивиденда е завршена“, истакнувајќи ја Русија, заедно со Кина, Иран и Северна Кореја, како потенцијални двигатели на значителни глобални немири во наредните години.
Иако некои ги оспоруваат толкувањата на нејзините пророштва, за слепата видовита Ванќа се изгради култ следбеници кои цврсто веруваат во нејзината единствена способност да ја предвиди иднината“. пишува Тајмс Оф Индиа, објавено на 28 октомври 2024 година.
Но, не се повикуваат на Баба Ванѓа само во Индија, го прават тоа и во Велика Британија.
Дејли Рекорд на 25 февруари 2025 година пишува:
“Баба Ванѓа злокобно изјави: „Напролет ќе започне војна на Исток и ќе има Трета светска војна. Војна на Исток што ќе го уништи Западот“, а таа исто така прогласи дека Путин ќе стане „господар на светот“, додека Европа ќе биде сведена на „пустелија“.
Во услови на тековната руска агресија во Украина, нејзината предвидливост за решавање на конфликтот е подеднакво силна. Таа предвиде: „Русија не само што ќе преживее, туку ќе доминира во светот“.
А што се пишуваше во Македонија, девет години пред оваа објава на Тајмс Оф Индиа, во 2015-та на оваа тема и за видовотоста на Баба Ванѓа за уште тогаш најавената, предвидена, војна во која ќе учествува и Русија:
Уште во времето на Советскиот сојуз, Баба Ванѓа предвидува дека Русија ќе остане светска сила и во 21 век, а на нејзино чело ќе дојде Путин кој долго време ќе биде на власт.
„Се се топи, како и мразот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој се елиминира од својот пат и не само што ќе опстане, туку ќе стане господар на Светот… А Русија повторно ќе стане империја!“ - рекла Баба Ванѓа во 1988 година.
Меѓудругото, Ванѓа рекла дека “двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде „осмиот“ руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата“.
Толкувачите на нејзините пророштва „типуваат“ на тројца: средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илиќ Ленин и на Владимир Путин, кој според пресметките е токму осмиот лидер.
Според пророштвата на Ванѓа, Русија ќе стане најголема светка сила до 2040 година, објави порталот Фактор.
Порталот Локално, на 24.2.2022 дополнува:
Бугарската јасновидкa Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, уште во 1979 година предвиде дека „рускиот владетел Владимир“ ќе биде господар на светот.
За време на средбата со писателот Валентин Сидоров, Ванѓа рекла: „Сè ќе се стопи, како мраз, само едно ќе остане недопрено. Слава на Владимир, слава на Русија. Премногу е жртвувано. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе отстрани сè од својот пат и ќе стане господарка на светот“.
Пред нејзината смрт, слепата јасновидка уште еднаш прорече славна иднина за Русија. Таа предвидела дека Русија ќе биде единствената суперсила во светот.
Во текот на 80-тите, Баба Ванѓа рече дека светот е сведок на судбоносни настани. „Двајцата најголеми владетели на светот ќе подадат рака“, рече таа тогаш, а оние кои ги толкуваат нејзините предвидувања го гледаат исполнувањето на пророштвото за крајот на Студената војна.
Баба Ванѓа потоа додала дека светскиот мир нема да се постигне додека не дојде „осмиот“. Многумина толкуваат дека „осмиот“ е всушност Владимир Путин, објавија тие.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата