logo
logo
logo

Фетус пронајден во корпа за отпадоци: Истрагата е во тек

Vecer | 19.06.2025

Фетус пронајден во корпа за отпадоци: Истрагата е во тек

Италијанската полиција истражува инцидент во кој фетус е пронајден во корпа за отпадоци во тоалет во болница во градот Пјаченца, објавија денес италијанските медиуми.

Фетусот на возраст помеѓу 38 и 40 недели бил откриен од чистачка во болница, објави весникот „Република“. Како што е наведено, фетусот немал витални параметри и реанимацијата не била можна.

Истрагата на карабинерите за овој инцидент е во тек, во која детално ќе се испита материјалот од надзорните камери на болницата. Речиси е сигурно дека оној кој го оставил фетусот во корпата, го сторил тоа во текот на ноќта, пишува весникот.

На местото на настанот дошла и обвинителката на Пјаченца, Грација Прадела, објави Република. Ќе бидат анализирани и трагите од крв пронајдени на местото на настанот, кои би можеле да помогнат во пронаоѓањето на сторителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk