Регионалната рок сцена загуби уште едно големо име. На 72-годишна возраст во Бихаќ почина Нихад Јусуфхоџиќ, еден од основачите на легендарниот бенд „Дивље јагоде“. Музичарот ја изгуби битката со тешката болест на 15 април во кантоналната болница, каде беше хоспитализиран изминатите неколку месеци.
Нихад беше дел од основачката постава на бендот „Дивље јагоде“, формиран во 1977 година, заедно со Сеад Липовача и Анте Јанковиќ. Со нив учествуваше во создавањето на првите синглови и дебитантскиот албум, со кои бендот го започна својот подем и стана еден од симболите на рок музиката во регионот.

Во текот на својата кариера, тој беше препознатлив како бас-гитарист и дел од генерацијата која го постави темелот на хард рок и хеви метал сцената на Балканот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата