logo
logo
logo

Кинезите успешно клонираа домашно животно: Младенчето е родено со царски рез и е во добра здравствена состојба

Vecer | 14.07.2025

Кинезите успешно клонираа домашно животно: Младенчето е родено со царски рез и е во добра здравствена состојба

Кинеските научници успешно клонираа јак (вид крупен добиток), а телето од овој ендемски вид од висорамнината Ќингхај-Сизанг во Кина е родено со царски рез на фарма во округот Дамшунг.

Според истражувачите, клонираното теле тежело 33,5 килограми, значително повеќе од повеќето бебиња јакови, објавија кинеските медиуми. Телето, кое има целосно црно крзно, веднаш можеше да оди и е во добра здравствена состојба.

Проектот за клонирање на јакови бил започнат во јули 2023 година како заедничка иницијатива на истражувачки тим од Универзитетот Жеџијанг во источна Кина, владата на округот Дамшунг и Институтот за висорамнинска биологија на автономниот регион Сизанг.

Раководителот на истражувачкиот тим, Фанг Шенгуо, од Универзитетот Жеџијанг, изјави дека технологијата за клонирање ќе игра клучна улога во подобрувањето на генетските карактеристики на јаковите и изградбата на систем за одгледување добиток на голема надморска височина во Сизанг.

Јаковите се клучен вид за егзистенција на локалните сточарски заедници и се составен дел од екосистемот на висорамнината на автономниот регион Сизанг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk