logo
logo
logo

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ:

Сите кои биле во војска со СЛАСТ зборуваат за ВОЈНИЧКОТО ГРАВЧЕ: Еве како се приготвува

Vecer | 24.05.2024

Сите кои биле во војска со СЛАСТ зборуваат за ВОЈНИЧКОТО ГРАВЧЕ: Еве како се приготвува

Сите состојки за војничкото гравче се добро познати и често се користат во регионалната кујна. Трикот за неговиот магичен вкус е во месото, кое вообичаено се додава во ова јадење, поточно - говедското месо.

Посебен вкус му дава и запршката што се додава кон крајот, кога исто така треба и првпат да го промешате гравот, бидејќи во спротивно гравот може да се распадне и да се претвори во каша.

За приготвување на овој рецепт можете да го користите кој било сув грав.

Потребни состојки:

• грав по желба (зависи колку порции сакате да приготвите)
• малку брашно
• главица црвен кромид
• 1 чешне лук

• 1-2 моркова
• лажица или две лажица доматен сос
• говедско месо (по желба)

• малку зејтин (и за динстање на зеленчукот и за запршката)
• црвена пиперка

• бибер
• сув магдонос

• еден ловоров лист
• сол

Начин на приготвување: Потопете го гравот во соодветна количина ладна вода и чувајте го на ладно (1-3 часа или преку ноќ). Потоа исцедете го, истурете го во тенџере или длабока тава, повторно налејте ладна вода и варете додека не зоврие (следните 10 до 15 минути).

Динстајте го зеленчукот

Додека чекате да зоврие гравот, на половина од добро загреаната маснотија додадете половина од ситно исечканиот кромид и морков, претходно изрендан или исечен на помали коцки. Пржете додека зеленчукот малку да омекне, а потоа додадете го говедското месо кое треба да се одвои од коските и да се исече на коцки. Се заедно динстајте додека водата не испари, па тргнете од огнот.

Исцедете ја водата од сварениот грав, додајте ја динстаната смеса, па прелијте со топла вода за да се потопат сите состојки, па варете додека сè да омекне, додавајќи топла вода по потреба.

Направете запршка

Во посебна тава загрејте ја преостанатата маснотија, додадете го брашното, па пржете додека не порумени. Тргнете ја тавата од оган, па додадете ја мелената пиперка и ситно сечканиот лук.

Додадете ги зачините во гравот

Кога гравот ќе омекне, додадете го ловоровиот лист, доматниот концентрат (претходно измешан во топла вода), посолете и додајте го приготвениот сос додека постојано го мешате гравот за да не се формираат грутки.

Гравот со запршката гответе го на тивок оган уште 20-30 минути. Кога ќе завршите со готвењето, додадете бибер, ситно сечкан магдонос и по потреба уште сол.

Напомена: гравот не смее да се меша додека се готви, односно се додека не се додаде запршката за да се избегне кршење на зрната и нивно загорување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk