logo
logo
logo

Кремаста есенска супа што ја загрева душата

Vecer | 05.10.2025

Кремаста есенска супа што ја загрева душата

Оваа супа е совршен начин да се загреете и да внесете доза ведрина додека есента тропа на вратата.

Додека времето надвор е мрачно, есенско, нема ништо подобро од чинија густа, мирислива супа што го загрева телото и го подобрува расположението. Овој рецепт ги исполнува сите критериуми, брзо се подготвува, мириса прекрасно и има прекрасен вкус што ве тера полека да уживате во секоја лажица.

Состојки:

• коцка путер

• 1-2 лажици маслиново масло/или по ваш избор

• 2 моркови

• 2 стапчиња целер

• кромид

• 2 чешниња лук

• 3 средни компири

• мала брокула (може и замрзната)

• половина конзерва пченка (може и замрзната)

Бујонот направете го од 700 мл вода и една лажица сув зачин/коцка за бујон

сув зачин, италијански зачин, бибер, сол

За белиот, кремаст дел

• 4 лажици масло (маслиново)

• 5 лажици брашно (спелтино тип 630)

• 300-400 мл млеко

• 1/2 чаша павлака за готвење

• 100 г рендано тврдо чедар сирење (по желба)

Подготовка

Во голем сад на средна температура, растопете една лажица путер со маслиново масло, додадете ги морковите, целерот и кромидот и динстајте 5-7 минути. Додадете лук и пржете уште 30 секунди. Додадете сечкани компири, италијански зачин, сол, бибер и супа. Доведете до вриење на средна температура, покријте и варете на тивок оган 10-15 минути, додека зеленчукот не омекне. Додадете брокула и пченка и гответе додека не омекнат.

Во четири лажици масло, кратко пропржете го брашното, мешајќи со жица за матење, една минута. Постепено додавајте млеко, постојано мешајќи за да ја одржите смесата мазна. Гответе, мешајќи, додека не се згусне и почне да крчка. Додадете павлака и тргнете од оган. Истурете ја смесата од млеко во супата и добро промешајте. Намалете ја температурата, додадете сирење по желба и мешајте додека не се растопи. Пробајте и прилагодете ги зачините по потреба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk