Доколку сакате освежителни, овошни и мирисливи слатки, колачот од боровинки е вистинскиот избор за вас.
Лесен е за подготовка, а вкусот потсетува на слатко летно попладне и прошетка низ природата. Боровинките му даваат сочност и малку киселкаста нота, додека мекото тесто обезбедува совршена рамнотежа.
Ова е рецепт што ќе го воодушеви вашето семејство и гостите – и не одзема многу време за подготовка.
Состојки
• 3 јајца
• 150 г шеќер
• 100 мл масло
• 150 мл јогурт
• 250 г брашно
• 1 прашок за пециво
• 1 ванилин шеќер
• 200 г свежи или замрзнати боровинки
• Шеќер во прав за посипување
Подготовка
•Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане пенаста. Додадете масло и јогурт и добро измешајте.
•Измешајте го брашното и прашокот за печиво, а потоа нежно соединете со миксер.
•Додајте ги боровинките и внимателно измешајте за да се распореди рамномерно. Истурете ја смесата во намастен плех и печете во рерна загреана на 180 степени околу 30-35 минути, додека колачот не добие златно-кафеава боја.
•Кога ќе се олади, наросете го со шеќер во прав и послужете.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата