Пастели, најздравиот колач на светот од сусам и мед, стар 6.000 години, полн со енергија и лековити својства.
Оваа лековита ужина, позната како најздравиот колач на светот, се споменува во Хомеровата „Илијада“ под името интрион. Интрион, односно пастели, им се давал на Хелените – воини пред да тргнат во битка, за да имаат сила и издржливост за тешките напори. Пастели се споменува и во древните египетски записи, каде што жените го користеле за стимулација на хормоналните жлезди. Познатиот грчки писател и „татко на историјата“ Херодот го нарекол пастели лек и деликатес во исто време.
Што е всушност пастели? Станува збор за мешавина од две исклучително здрави намирници – сусам и мед. Го нарекуваат и слад од сусам и мед, но за многумина најважно е едно: тоа е најздравиот колач на светот.
Корисни и лековити својства на пастели
Комбинацијата од овие две намирници ви дава вистински „свет грал“ од корисни состојки, меѓу кои: цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и низа витамини, особено од групата Б – односно речиси сите клучни состојки за здравје и нормално функционирање на организмот.
Според истражувањата, синергијата што се создава од овие природни состојки е делотворна за регулирање на маснотиите во крвта, особено односот меѓу LDL и HDL холестеролот.
Пастели одлично делува и на регулирање неправилни отчукувања на срцето, висок крвен притисок и подобра циркулација. Ќе ви даде неопходна енергија и сила за тежок физички и психички труд.
Истражувањата покажуваат дека редовната употреба на пастели го намалува хроничниот замор, нервозата и депресијата. Комбинацијата одлично делува и на хроничен стрес, и тоа по три недели редовна употреба.
Ново истражување на Clinical Journal of Nutrition ги потврди придобивките од медот и сусамот во намалување на депресијата, атеросклерозата, мултиплекс склерозата и високиот крвен притисок.
Пастели содржи дури 182 состојки корисни за здравјето на организмот, а особено е голема концентрацијата на антиоксиданси.
РЕЦЕПТ ЗА ПАСТЕЛИ (традиционален)
Состојки:
• 1 чаша сусам
• ½ чаша мед
(по желба можете да додадете малку лимонова кора, ванила или ореви – но традиционално е само сусам и мед)
Начин на подготовка:
1. Печење сусам:
• Ставете го сусамот во сува тава.
• Печете на средна температура 5–7 минути, мешајќи постојано додека не добие златна боја.
• Внимавајте да не се препече – тогаш ќе стане горчлив.
2. Загревање на медот:
• Во мал сад загрејте го медот на тивок оган околу 2–3 минути, само да стане поредок.
• Не смее да зоврие, за да не изгуби корисни својства.
3. Спојување:
• Додадете го печениот сусам во медот.
• Мешајте додека да се добие густа, леплива смеса.
4. Формирање:
• Смесата истурете ја на хартија за печење или на метален плех подмачкан со масло.
• Израмнете ја со лажица или валјак намрсен со малку масло.
• Дебелината нека биде околу 0,5–1 cm.
5. Ладење и сечење:
Оставете да се излади 20–30 минути.
Исечет на коцки, ленти или ромбови.
Совет:
• да се чува на ладно место, во затворен сад.
• Пастели може да стои недели без да се расипе.
• За повеќе енергија, изедете едно парче наутро – традиционално се користело како природен енергетски бар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата