Во сезоната на настинки и грип, правењето хранлива и вкусна супа може да биде вистинско чудо за имунитетот. Супата комбинира зеленчук, зачини и пилешко во совршена освежителна супа која го зајакнува телото и има корисен ефект врз здравјето.
Рецепт за супа
Продукти:
• пилешко филе
•5 средни моркови
• 1 праз
• 4 стапчиња целер
• 1,2 л вода
• 4 средни компири
• парче ѓумбир
• 4 чешниња лук
• куркума, пипер, суви зачини по вкус
• магдонос
Подготовка
• Исечкајте го зеленчукот на коцки или ленти.
• Пржете ги морковите, празот и целерот во малку масло додека не омекнат.
• Додадете куркума, пипер и суви зачини по вкус и пржете кратко.
• Налејте вода (околу 1,2 л) и додадете го пилешкото филе.
• Гответе 10 минути, потоа додадете ги компирите, ѓумбирот и лукот.
• Кога месото и зеленчукот ќе се сварат, извадете го месото, исечкајте го и вратете го во супата.
• На крај, додадете свежо сечкан магдонос.
Оваа супа е вистинско мало богатство на чинија – вкусна, хранлива и полна со состојки кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Идеална е за секој што сака да се заштити во сезоната на вируси и настинки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата