Цените на нафтата денеска пораснаа поради зголемената загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат, откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормускиот Теснец. „Брент“ поскапе за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американскиот ВТИ порасна за 0,84 отсто, на 78,84 долари.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Техеран нема да го отвори стратешкиот поморски пат додека Вашингтон не ги исполни неговите барања, меѓу кои се ублажување на санкциите и исплата на воени репарации, нагласувајќи дека во моментов нема директни разговори со САД, и покрај тврдењата од Вашингтон дека договорот е близу.
„Ормуската Теснина и понатаму е практично затворена“, соопшти „Вестпак“, додавајќи дека неизвесноста останува висока додека војната меѓу Иран и САД влегува во својот шести месец.
И покрај нестабилноста на енергетскиот пазар, азиските берзи пораснаа. Јапонскиот индекс „Никеи 225“ се зголеми за 2,1 отсто, јужнокорејскиот „Коспи“ порасна за 0,7 отсто, а хонконшкиот „Ханг Сенг“ бележи раст од 0,6 отсто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата