Кинеските електрични возила се повеќе заземаат приоритет на глобално ниво поради нивната достапност, поради што големите автомобилски компании прават се што можат за да ги намалат трошоците и со тоа да станат поконкурентни.
Енди Палмер, претседател на британскиот стартап Брил Пауер, истакнува дека е многу важно производителите на автомобили да се фокусираат на возила со поволни цени, бидејќи во спротивно би можеле да изгубат пазарен удел пред Кинезите.
Така, на пример, Renault сака да ги намали трошоците за дури 40% за своите електрични возила.
Слично на нив, Stellantis, во соработка со кинеската компанија CATL, основа европска фабрика за производство на поевтини LFP батерии. Понатаму, VW и Tesla заедно прават ЕВ вредно 25.000 евра, се со цел да се задоволи побарувачката за подостапни модели.
Фокусот на целата индустрија е ставен на намалувањето на трошоците, што го покажува се поголемиот број нови компании кои се обидуваат да придонесат со иновативни решенија кога станува збор за батериите и другите ЕВ компоненти.
Пристигнувањето на поевтини електрични возила од кинеските производители ги поттикна европските и американските производители на автомобили да бараат поевтини опции за производство.
Така, GM, која користи субвенции во американскиот Закон за намалување на инфлацијата, планира да лансира обновен Bolt EV во 2025 година, а Ford има за цел да ги намали трошоците со зголемување на сопственото производство на делови за 50%.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата