logo
logo
logo

САД тајно го следат патот на чиповите со ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА кон Кина

Vecer | 13.08.2025

САД тајно го следат патот на чиповите со ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА кон Кина

Американските уреди за следење ги следат пратките на напредни процесори за вештачка интелигенција, додека Кина го забрзува развојот на сопствените решенија.

Американските власти користат таен надзор за откривање на нелегални пратки на напредни чипови со можности за вештачка интелигенција во Кина, објави Ројтерс, повикувајќи се на два анонимни извори запознаени со ова прашање.

Според изворите, уредите за локација се вградени во одбрани пратки на чипови од Nvidia и AMD, кои се сметаат за ризични или веќе се под истрага.

Се следат и сервери од DellTechnologies и Super Micro Computer, кои ги користат овие напредни чипови.

Уредите за следење, обично скриени во пакувањето, им овозможуваат на американските власти да идентификуваат и гонат поединци и фирми кои профитираат од кршење на ограничувањата за извоз.

Според изворите, слична технологија за геолокација се користи веќе неколку години и се користи за борба против нелегалната трговија со опрема.

Компаниите Nvidia и AMD неодамна постигнаа договор со американската администрација, кој им овозможи да извезуваат одредени производи во Кина, со обврска да платат надомест од 15 проценти за продажба на напредни чипови на кинескиот пазар, објавија медиумите.

Властите во Пекинг, сепак, ги повикаа кинеските компании да престанат да ги користат чиповите на споменатите американски компании и да го забрзаат развојот на сопствени решенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk