logo
logo
logo

Minth ќе гради погони во Лесковац и Чуприја - потпишани два меморандуми од 950 милиони евра

Vecer | 19.07.2025

Minth ќе гради погони во Лесковац и Чуприја - потпишани два меморандуми од 950 милиони евра

Во следните пет години, компанијата Minth holdings limited ќе инвестира 950 милиони евра во изградба на нови индустриски капацитети за автомобилската индустрија во Лесковац и Чуприја, а тоа беше потврдено со меморандуми за разбирање потпишани од министерката за економијана Србија, Адријана Месаровиќ, со претставници на Minth.

Таа потсети дека оваа компанија успешно работи во Србија речиси една деценија и вработува повеќе од 3.500 работници, како и дека се специјализирани за производство на компоненти за автомобилската индустрија и сродните индустрии.

Оваа инвестиција ќе овозможи отворање на дури 1.000 нови работни места во Лесковац и 1.800 во Чуприја веќе во првата фаза.

Да потсетиме дека неодамна беше објавено дека Mint ќе изгради фабрика за производство на електрични возила во Инѓија со планирана инвестиција од 870 милиони евра и вработување на 2.200 работници.

Собранието на општина Инѓија ја усвои одлуката за изработка на Детален план за регулирање на Напредниот центар за мобилност Србија, односно предуслов за компанијата Минт да може да гради во Инѓија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk