logo
logo
logo

„СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, се купува од македонските земјоделци“

Vecer | 28.07.2025

„СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, се купува од македонските земјоделци“

На новинарско прашање во областа на земјоделието, поради зголемени насади на ориз и пченица дали Владата планира зголемување на резервите, премиерот Христијан Мицкоски одговори позитивно.

-Донесовме одлука на Владина седница, околку 9 илјади тони да биде купена пченица и околу 2400 ориз и оризова арпа од реколтата 2024 година, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека секој индивидуален производител има право да конкурира со количина од 5 до 30 тони пченица, а кај оризот и оризовата арпа од 3-20 тона.

-Ова за првпат се прави, посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние кои одгледуваат пченица. Така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин стоковите резерви ќе имаат ориз, потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk