logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ШИРАТ НА БАЛКАНОТ

Унгарската државна компанија за електрична енергија MVM Group станува мнозински сопственик на две компании во Србија

Vecer | 17.07.2025

Унгарската државна компанија за електрична енергија MVM Group станува мнозински сопственик на две компании во Србија

Унгарската државна електроенергетска компанија, компанијата MVM Zrt., потпиша договор за купување акции со српската Manex Group, со што ќе се зголеми нејзиниот удел во компаниите Energotehnika Južna Bačka и Elektromontaza Kraljevo од 33,4 проценти на 60 проценти.

Таа трансакција, како што објави компанијата, треба да биде завршена во третиот квартал од 2025 година и претставува уште еден значаен чекор во проширувањето на присуството и портфолиото на MVM Group во Србија.

„Зајакнувањето на позицијата на српскиот енергетски пазар е една од клучните стратешки цели на MVM Group во регионот. Покрај поволната пазарна средина и тековните процеси на приватизација, географската положба на Србија е од стратешко значење бидејќи претставува природна влезна точка за понатамошно проширување на MVM во други балкански земји“, се наведува во соопштението за медиумите на MVM Group.

„Енерготехника Јужна Бачка“ и „Електромонтажа Краљево“ се меѓу водечките компании во Србија во областа на енергетската изградба, а MVM Group стекна малцински удел во овие компании во 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk