logo
logo
logo

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК, и тоа не е се

Vecer | 07.07.2025

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК, и тоа не е се

Имаме двоцифрен број на компании со кои преговараме и кои би инвестирале во земјава. Дел од нив се компании кои веќе се присутни во земјава, а дел се нови, рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали некои од странските инвеститори најавиле заминување од земјава поради актуелните светски случувања.

-Очекувам следната недела да почне да се гради големиот ветерен парк од половина милијарда долари. Очекувам уште една компанија наредната недела да го прошири своето производство со нова инвестиција и очекувам уште неколку компании да отпочнт со своите инвестиции до крајот на годината. Така што не само што немаме намалување туку имаме голем интерес. Очекувам по договорот со САД за царините да имаме уште повеќе инвестиции. Она што ние го правиме  е тоа да креираме бизнис клима која е добра за сите инвеститори – рече Мицкоски.

Тој рече дека за дел од параметри на кои укажале странските инвеститори кои зависат од владата се едно до две законски решенија, но за останатите владата  ќе треба да ги консултира работниците.

Претседателот на Советот на странски инвестиции Виктор Мизо рече дека  странски инвестиори  кои ја напуштиле земјава не донеле одлука поради тоа што овде биле лоши условите за работа, туку бидејќи сакале да направат големи компании на едно до две места во Европа.

Тој повтори дека странските компании кои се присутни во земјава се зависни од случувањата во Европската Унија и  од Германија посебно.

-Европската економија уште е анемична и нашиот обем на работа зависи од тие случувања, но некои напуштања или некои драстични отпуштања од работа нема да има  – рече Мизо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk