logo
logo
logo

Без урбанистички планови, цените на становите во Скопје ќе НАДМИНАТ 5.000 ЕВРА/М2

Vecer | 04.04.2026

Без урбанистички планови, цените на становите во Скопје ќе НАДМИНАТ 5.000 ЕВРА/М2

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, излезе со предупредување дека одлуката на граѓаните да не се носат детални урбанистички планови може сериозно да влијае врз цените на становите во Скопје.

Тој истакна дека без планирана урбанизација, цените на недвижностите ќе продолжат да растат и може да достигнат над 5.000 евра за метар квадратен.

„Јас ви гарантирам дека доколку продолжи да не се носат детални урбанистички планови, цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен. Лесно е сега некој што ме гледа да рече – нека си живеат во нивните градови, ама не сакаат да живеат, сакаат да живеат во Скопје. Ако сакаат да живеат во Скопје и доаѓаат тука, ние мораме да имаме можност да имаат што да купат. Ако немаат што да купат, ќе купуваат овие кои ќе имаат најмногу пари, и тоа ќе го ништува животот на овие кои сега живеат во Скопје“, рече Николоски.

Според него, одлуките за урбанистичко планирање не се само технички формалности, туку директно влијаат врз пристапноста на пазарот на недвижности за просечниот граѓанин и со тоа врз квалитетот на животот во главниот град.

Оваа изјава доаѓа во период кога цените на становите во Скопје бележат значителен пораст, а многумина потенцијални купувачи се соочуваат со ограничена понуда и висок финансиски притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk